Стипендија светска категорија

Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од светска категорија.

Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Светска категорија.

Еднаш стекнатата спортска категорија има траен карактер и доживотно му припаѓа на спортистот како титула. Спортската категорија спортистите ја стекнуваат врз основа на остварените резултати на официјалните натпревари, државни првенства, европски и светски првенства, светско универзитетско првенство и летни и зимски олимписки игри. При утврдувањето на спортската категорија се вреднуваат само резултатите остварени на официјални меѓународни натпревари кои се во календарот на европските и светските асоцијации и државните првенства. Спортските резултати кои ги постигнуваат спортистите во сениорска конкуренција, поточно мерилата и критериумите се утврдени во Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија („Сл. Весник на РМ“ бр. 51/02 и 50/04). Националните спортски федерации должни се навреме да достават комплетна документација за предложените кандидати за категоризирани спортисти.

 Спортист од светска категорија

  1. Иво Цветковски – Карате
  2. Ардита Исени Ризни – Карате
  3. Огнен Груевски – Карате
  4. Наташа Илиевска – Карате
  5. Жарко  Арсовски – Карате
  6. Примислав Димовски –  Бокс
  7. Вели Мумин – Бокс
  8. Мартин Несторовски – Карате
  9. Димитар Мираковски – Кошарка
  10. Владо Илиевски – Кошарка
  11. Бо Лестер Мек’кејлеб – Кошарка
  12. Војдан Стојановски – Кошарка
  13. Дамјан Стојановски – Кошарка
  14. Марко Симоновски – Кошарка
  15. Тодор Гечевски – Кошарка
  16. Перо Антиќ – Кошарка
  17. Ивица Димчевски – Кошарка
  18. Ѓорѓи Чековски – Кошарка
  19. Предраг Самарџиски – Кошарка
  20. Дарко Соколов – Кошарка
  21. Андреј Стојаноски – Пливање на првенства за лица со оштетен слух
  22. Берат Јакупи – Карате
  23. Емил Павлов – Карате
  24. Оливера Наковска Бикова – Спортско стрелаштво
  25. Игор Стефановски – Автомобилизам
  26. Зоран Ристовски – Велосипедизам