Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од меѓународна категорија.
Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Меѓународна категорија.
Еднаш стекнатата спортска категорија има траен карактер и доживотно му припаѓа на спортистот како титула. Спортската категорија спортистите ја стекнуваат врз основа на остварените резултати на официјалните натпревари, државни првенства, европски и светски првенства, светско универзитетско првенство и летни и зимски олимписки игри. При утврдувањето на спортската категорија се вреднуваат само резултатите остварени на официјални меѓународни натпревари кои се во календарот на европските и светските асоцијации и државните првенства. Спортските резултати кои ги постигнуваат спортистите во сениорска конкуренција, поточно мерилата и критериумите се утврдени во Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија („Сл. Весник на РМ“ бр. 51/02 и 50/04).
Националните спортски федерации должни се навреме да достават комплетна документација за предложените кандидати за категоризирани спортисти.
Спортист од меѓународна категорија
1. Сашко Арсовски – Карате
2. Атанас Николовски – Кајак
3. Евгениј Поп Ацев – маратонско пливање
4. Зоран Ристовски – Велосипедизам
5. Димитар Ѓорѓиев – Кик бокс
6. Дејан Манасков – Ракомет
7. Стојанче Стоилов – Ракомет
8. Стевче Алушовски – Ракомет
9. Кирил Лазаров – Ракомет
10. Влатко Митков – Ракомет
11. Аце Јоновски Ракомет
12. Бранислав Ангеловски – Ракомет
13. Владимир Темелков – Ракомет
14. Филип Миркуловски – Ракомет
15. Велко Маркоски – Ракомет
16. Златко Мојсоски – Ракомет
17. Борко Ристовски – Ракомет
18. Наумче Мојсоски – Ракомет
19. Ванчо Димовски – Ракомет
20. Петар Ангелов – Ракомет
21. Филип Лазаров – Ракомет
22. Марко Блажевски – Пливање
23. Кристијан Кајчевски – Традиционално карате
24. Аљоша Недев – Традиционално карате
25. Матеј Ангеловски – Традиционално карате
26. Марко Блажевски – Пливање
27. Ферат Курбулиќи – Карате
28. Тодор Ристески – Карате
29. Димитар Ѓорѓиев – Кик бокс
30. Јасин Реџалари – Борење
31. Пуликсенија Јованоска – Карате
32. Андреј Стојановски – Пливање (глуви)
33. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање