Сектор капитални инвестиции

Раководител

Ѓорѓија Симоновски

тел. 02/ 3 296 006

e-mail: goko@ams.gov.mk

Секторот за Капитални инвестиции во областа на спортот и младите во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:

– ги координира и спроведува активностите за планирање и извршување на работи на капитални инвестиции во областа на спортот;
– ги координира и спроведува активностите за планирање и извршување на работи на капитални инвестиции во областа на младите;
– ги координира и спроведува активностите за техничка подготовка на работи кои се однесуваат на капитални инвестиции во областа на спортот и младите;
– ги координира и спроведува активностите за подготовка и контрола на градежни и проектни документации кои се однесуваат на капитални инвестиции во областа на спортот и младите;
– ги координира и спроведува активностите на кореспонденција и архивски работи кои се однесуваат на капитални инвестиции во областа на спортот и младите;
– ги координира и спроведува активностите за воведување во градба;
– ги координира и спроведува активностите за контрола на изведени градежни работи;
– ги координира и спроведува активностите за технички прием на изведени градежни објекти;
– ги координира и спроведува активностите за теренска координација на градежни објекти;
– ги координира и спроведува активностите за координација со изведувач и надзорен орган;
– изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали што се однесуваат на капитални инвестиции во областа на спортот и младите; и
– прибира извештаи.