Германското сојузно министерство за економска соработка и развој во период Април 2021-Март 2022 иницира проект за имплементација на земјите од Западен балкан во иницијативата за придвижување на младите и јакнење на вработливоста преку спортот.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием за г-дин Јенс Елснер, раководител на Секторската програма „Спорт за развој“, и г-ѓа Дина Клингман, советник за Западен Балкан.

Оваа програма е активна во регионот од 2017 година и има за цел да го зајакне развојот на компетентноста на децата и младите преку физичка активност. Имплементацијата е на локално ниво преку формирање на „Локални мрежи“ составени од различен профил на локални чинители кои се главната сила за постигнување на  целта заедно со обучени инструктори за Спорт за развој.

Проектот има за цел да продолжи со неговата имплементација во регионот, а за таа цел е планирано да се спроведе таканаречената „Мисија за оценување“. Идејата зад оваа мисија е да се посетат потенцијални чинители за размена на искуства и можна соработка на заеднички теми. Во процесот на мапирање, Агенцијата за млади и спорт како државна институција е повикана за посветено подобрување на младите и спортските услови во државата.