На денешната средба во Агенцијата за млади и спорт со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се разговараше за начините на финансирање на националните спортски федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти.

Како една од најбитните точки беше анализиран и самиот процес на подготовка, доделување и реализаџија на спортскиот ваучер како една од главните алатки за помош во спортот.

Сите вклучени страни на подготовка и реализација мора да покажат отчетност и транспарентност во целокупниот процес . Заедничка констатација е дека треба да се изнајде начин за поефикасна контрола и транспарентност при користењето на средства од оваа мерка.