Директорот на Агенцијата за млади и спорт организираше прием за најдобриот македонски борач, Магомедгаджи Нуров, кој со освоениот бронзен медал на светското првенство во борење во Казахстан (слободен стил) ја освои “А“ олимписка норма за учество на Олимписките игри ТОКИО 2021.

Нуров најави успешни настапи и на двата меѓународни настапи во Полска и Италија, каде ќе ја дефинира формата за Токио.