Директорот на Агенцијата за  млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за најдобриот спортист со телесен инвалидитет Андреј Стојаноски.

Андреј учествуваше на 24-ти Летни Олимписки Игри за лица со оштетен слух (лица глуви и наглуви) одржани во периодот од 01-15.05.2022 година во Каиксас до Сул, Федеративна Република Бразил.

Настапи на 5 трки во пливање и тоа во дисциплините 400м. слободно, 400м. мешано, 100м. градно, 200м. мешано и 200м. слободно, и во три финални трки во генерален пласман го освои  четвртото место.

Овие резултати согласно одредбите од Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија, во Спорт за инвалидизирани лица предвидуваат стекнување на спортска категорија – Спортист од светска категорија, што всушност тој ја потврдува претходно стекнатата категорија остварена на светското првенство во пливање за глуви одржано во Гливице, Република Полска.

Неговата ново стекната спортска категорија е со времетраење од 01 јуни 2022 година и ќе трае во наредните 48 месеци, а висината на паричниот надоместок изнесува 2 просечни плати исплатени на ниво на Републиката за претходната година, во бруто износ.