Денеска во Украина директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски потпиша Договор за соработка за млади, физичка култура и спорт.
Препознавајќи ја важноста на понатамошното развивање на билатералната соработка, размената на искуствата, перспективите и приоритетите во областа на младите, физичката култура и спортот, а со желба за зајакнување на постојните пријателски односи и соработка помеѓу двете земји, со украинскиот министер за млади и спорт, ставивме акцент на размена на информации кои се однесуваат на планови за развој на полето на млади, физичката култура и спортот.
Размена на експерти/стручни лица од областа на физичката култура и спортот, како и размена на информации и публикации на теми кои се однесуваат на градење и реконструкција на спортски објекти, спортска медицина и антидопинг активности беа темите за кои разговараа двете страни.
Делегацијата на Украина, предводена од Тарас Качка, заменик за развој на економија, трговија и земјоделство, заедно со македонската делегација предводена од министерот за економија, Крешник Бектеши, соработката помеѓу двете земји ја издигна на високо ниво, со посебен акцент на економскиот развој, младите и спортот.