Денеска директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, беше  дел од стручната конференција  “Отворено за корупцијата во спортот и штетата што корупцијата ја нанесува на младите спортски таленти” организирана  од Заменичката на претседателот на Влада на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење. 
Агенција за млади и спорт како институција која се грижи за младите и спортот целосно се залага за искоренување на секакво сомнение  за постоење на корупција во спортот.Спортот е дел од општественото живеење кој има големо значење за психофизичкото здравје , најдобриот и најсилниот промотер  на државата насекаде низ светот. 

Место за корупција во спортот нема и не смее да има, и затоа треба заедно да сме постојани и истрајни во таа борба. Институциите  се оние кои имаат обврска да обезбедат услови спортот да е согласно законот и никако над него. Во иднина секој од предлозите и заклучоците од денешната конференција успешно ќе најде своја имплементација со цел целосно отстранување   на сите облици на корупција во спортот.