Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски во Белград оствари конструктивна средба со министерот за млади и спорт на Република Србија, Вања Удовичиќ, и новиот генерален секретар на Регионалната канцеларија за млади – RYCO, Алберт Хани.

Како двајца поранешни спортисти и луѓе кои ги застапуваат интересите на младите, со министерот Удовичевиќ и со господинот Хани потенцираа  дека поврзувањето на младите од регионот е икслучително важно, а ги отворија и прашањата за соработка во областа на спортот!

На средбата се донесе заклучок дека младите во регионот делат многу заеднички потреби и интереси и оттука произлезе обврската за  интензивирање на  соработката помеѓу Агенција за млади и спорт и српското министерство за млади и спорт!

Се направија и планови за во иднина, за заедничка  организација на кампови за млади спортисти и низа други активности кои го поттикнуваат спортскиот дух и ги поврзуваат младите.