Сојузот за младинска работа во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија одржа регионални информативни средби „Младински центар во секоја општина“. Целта на средбите е да се информираат и поддржат службениците за млади од општините во процесите за воспоставување на младински центри во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики и Правилникот за стандарди за квалитет на младински центри.
Во средбите одржани на 18 и 19 мај 2022 година беа опфатени Источен, Полошки, Североисточен и Пелагониски регион.
На средбите се разговараше за Законските одредби поврзани со отварањето на општински младински центри и Правилникот за стандарди за квалитет на истите, како и за  моменталните состојби и планови поврзани со отворање на младинските центри.