Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност
Македонската и балканската шампионка донесе дури четири златни медали од 75-тиот светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана.


Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!
По тој повод беше организиран прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој Акиевска ги презентираше впечатоците од овој огромен успех за македонскиот боди билдинг и фитнес.
Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати. Таа искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати.
На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.