Нашата репрезентација со неверојатна игра го освои првото место на 13-тото Светско првенство во Ејлат, Израел.

Ова е најголем успех на репрезентативно ниво на ваков голем настан.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием за носителите на ова врвно остварување.

Директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски им честита на огромниот успех и достојното представување на нашата држава.

Во финалето во Counter Strike, победа над Романците извојува нашата телентираната екипа која ја сочинуваат: Павле Стојановски „stYleEeZ“, Кристијан Поповски „FODOR“, Дамјан Стоилковски „Kyxsan“, Александар Ќулукоски „CacaNito“, и капитенот на репрезентацијата Јане Апостолоски “aidKiT”.-Едно големо браво за сите учесници, за тоа што не направија денес горди, им посакуваме уште многу вакви успеси на национално и клубско ниво, истакна Мојсовски.Тој додаде дека овој спорт во нашата држава е во нагорна линија и дека Агенцијата за млади и спорт ќе има дополнителна причина за соработка особено по фактот што станавме светски прваци во е-спорт.