Шпанскиот град Санта Сузана организираше Европски шампионат во Бодибилдинг и фитнес од 03-09 мај, на кој учествуваше и наш тим.

Македонскиот тим оствари одлични резултати и од вкупно четири финалисти, двајца се закитија со медали.

Нашата Мери Акиевска го потврди златото од светското првенство во категорија Велнес-Фитнес сениори до 163 см, а Петар Богдановски го освои бронзениот медал за натпреварувачи во јуниорска Бодибилдинг категорија. За респект е и петото место во категорија Бодибилдинг за Божидар Пецаковски, како и шестото место на Томче Николовски во категорија Бодибилдинг класик до 180 см.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски им додели благодарници за остварениот успех на двајцата медалисти, а на челниците на федерацијата за Бодибилдинг и фитнес им порача дека АМС останува отворена за соработка со сите Национални спортски федерации, кои со своите ангажирања  овозможуваат  остварување медали од меѓународни натпреварувања.