Нашата кикбокс федерацијата освои 61 медал на Балканското првенство во Краљево, Србија, од кои 16 се златни, 26 сребрени и 19 бронзени и во вкупниот пласман е втора зад Србија со 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзени.

Учествуваа 73 натпреварувачи со 77 настапи на Балканското кик бокс првенство во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт. На Балканското првенство учествуваа 212 натпреварувачи од 7 држави.