Агенцијата за млади и спорт спроведе истражување на национално ниво во периодот  јануари – март 2022 година, истото опфати 1200 млади луѓе од осумте статистички региони.

По тој повод се одржа презентацијата на наодите од спроведеното „Истражување на Младинските трендови“во просториите на Американски универзитет на Европа  – ФОН.

Настанот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски кој ги истакна дел од постигнатите резултати од изминатиот период и најави процес на креирање на нова Национална стратегија за млади, а беше овозможено од страна на Американски универзитет на Европа  – ФОН.

Истражувањето на младинските трендови 2022 има за цел да да ги постави основните принципи и насоки за акција на сите релевантни чинители кои ќе придонесат кон подобрување на положбата на младите во Северна Македонија при остварување на  своите потреби, права и интереси.

Истражувањето опфати неколку области: образование, здравство, култура, младинско информирање и младинска работа, квалитет на живот, вработување и поддршка пред вработување, како и последиците од ковид пандемијата кај младите.

Комплетното  истражување може да го најдете на WEB страната на Агенцијата за млади и спорт.