.
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод традиционалниот Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, што ќе се одржи на 12 и 13 ноември во малата сала на „Борис Трајковски“
-Посебно е задоволството да се најави еден ваков јубилеј, настан што ја обележува нашата земја во спортскиот меѓународен календар, истакна Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој додаде дека Агенцијата останува на ставот на подпомагање на федерацијата во реализација како на домашните, така и на регионалните лиги и меѓународни боксерски спектакли.


Претседателот на Боксерската федерација Примислав Димовски потенцира дека очекувал вакво разбирање за одржување на Златниот гонг и кога поради пандемијата скоро никој финансиски не го поддржува настанот освен Агенцијата за млади и спорт, особено поради фактот што на чело на институцијата е поранешен врвен спортист.
На пресот свое излагање имаше и Проф др Ружди Калач, кој е повратник во боксерската федерација на големо задоволство на сите.
-Под импресии сум од Светското боксерско првенство во Белград, од каде дојдов до заклучок колку повеќе внимание треба да се обрне на сите федерации кои се бават со боречки спортови, особено поради фактот што манифестациите како „Златен гонг”, „ Македонски бисер” се спортски симболи на државата, истакна Калач.
Пријавени се боксери од 14 држави, информираат од Боксерската федерација на Македонија меѓу кои Англија, Велс, Р. Ирска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Украина и Бугарија. Словенија, Албанија и Турција.

На „Златниот гонг“ за првпат да настапат и боксери од Хонг Конг и како и федерацијата на Молдавија.
Македонија на Златниот гонг ќе ја претставуваат: Адријан Џемили, Оран Шакировски, Јасим Лама, Лион Лена, Алим Насуфи, Лео Јовановски и Арсим Етеми, а ќе ги водат тренерите Ружди Калач и Петре Чурлиновски.
Јасин Лама е единстевниот македонски боксер од пријавените кој го освоил Златниот гонг и тоа во 2019 година.
На 12-ти ноември се закажани полуфиналните борби, а финалните се на 13-ти, од кои борби финалниот ќе биде пренесуван на МТВ и Арена спорт со почеток од 20 часот.