Совет за спорт
СОВЕТ ЗА СПОРТ ПРИ АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
- Претседател – Проф. Александра Војневска – Зикова,
- Член – проф.д-р Милан Наумовски,
- Член – Арлинд Хусеини
- Член – проф. Блерим Саити
- Член – проф.Ванчо Димовски,
- Член – Примислав Димовски
- Член – проф. д-р. Хинор Кица
Сектор Спорт
д-р сц. Томислав Андоновски
тел.02/ 3 211818
Спортот и младите како потреба на секоја земја имаат доминантно место во интересите на земјите и имаат големо влијание во секојдневието на граѓаните.
Во дејноста спорт во Република Македонија, активни се повеќе од 1.500 спортски клубови, здружени во 46 национални спортски сојузи, со голем опфат на млади и граѓани со спортско и спортско-рекреативни активности. Се реализира разгранет и рационален систем на натпревари во сите национални спортски сојузи, со голем број учесници, тренери, судии, спортски лекари и спортски работници.
Сектор Млади
Секторот млади врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето нa улогата нa младите вo развојот нa Република Македонија, како позитивна движечка сила и промотор нa новите вредности нa општеството и државата, придржувајќи се до Националната стратегија за млади која ги дефинира следните приоритети за дејствување на државните институции и младински здруженија на граѓани:
Сектор капитални инвестиции
Секторот за Капитални инвестиции во областа на спортот и младите во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
– ги координира и спроведува активностите за планирање и извршување на работи на капитални инвестиции во областа на спортот;
– ги координира и спроведува активностите за планирање и извршување на работи на капитални инвестиции во областа на младите;
Сектор за човечки ресурси и стручна поддршка на Директорот
Сектор за човечки ресурси и стручна поддршка на Директорот во својот делокруг на работата ги опфаќа следните активности и работи:
1. во соработка со ресорни органи подговува предлози за донесување на закони, нацрти и предлози на закони и други прописи и општи акти од неговиот делокруг и од областа на спортот и младите;
2. се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот и младите;
Сектор за финансиски прашања
Сектор за финансиски прашања во својот делокруг на работа ги опфаќа следните активности:
1. Ги координира и организира активностите од областа на финансиско-материјалното работење кои претставуваат системска поддршка за реализација на активностите на останатите организациони облици (сектори и одделенија) во Агенцијата,
2. Финансиско-материјалното работење ги опфаќа следните активности: донесување и реализација на финансискиот план на Агенцијата, имплементирањето на системот на финансиско управување и контрола што опфаќа приемот, изработка, евидентирањето и следењето на финансиски документи согласно постојните законски прописи, контролата и сметководственото евидентирање на финансиското и материјалното работење
Меѓународна соработка
Контакт
ул. Македонија бр.38
(Палата Панко Брашнаров)
1000 Скопје
тел: 02/3119 628
факс: 02/3117 693
contact@ams.gov.mk