Една од нашите најдобри атлетичарки Дрита Ислами, постигна висок успех запиша нов македонски рекорд на 400 метри со пречки и освои прво место Европското екипно првенство од Трета Лига во Лимасол.
Новиот државен рекорд на Ислами е 57.53 секунди е повисок за една секунда од нејзиниот претходен рекорд.
Дрита Ислами е пример како еден спортист треба да се надградува себе си и да руши рекорди, вклучително и рекордите кои ги поставил.
Честитки за Ислами и за атлетичарската федерација на Македонија.