Државни награди

Стипендија спортска надеж

Водејќи грижа за развојот и популаризацијата на спортот, Владата на Република Македонија настојува да се приближи до современите светски теркови за унапредување на спортот во државата.

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на земјите и има големо влијание во секојдневието на младите особено кон правилно насочување и развивање на младите, психофизичкиот развој, нивната заштита од болести на зависности, проституција, криминалот и други социо-патолошки појави.

Стипендија меѓународна категорија

Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од меѓународна категорија.

Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Меѓународна категорија.

Стипендија светска категорија

Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од светска категорија.

Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Светска категорија.

Националното спортско признание

Националното спортско признание популарно наречено Спортска пензија претствува највисока спортска титула на еден спортист, кој постигнал спортски резулати и тоа: за освоен златен, сребрен и бронзен медал, односно за освоено прво, второ и трето место на Олимписките игри, Параолимписките игри, Шаховска олимпијада, Светски и Европски сениорски првенства во Олимписки и Параолимписки спортови. Националното спортско признание се добива во вид на плакета и месечен финансиски надоместок.

Државна награда „8 Септември”

Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.