Членовите на здружението „Доза Среќа“ остварија средба со директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски по повод постигнатиот успех на многубројни светски и меѓународни натпревари за млади таленти и иноватори. Членовите на здружението, под водство на менторот д-р Драган Јованов, за девет месеци освоија 15 медали, од кои 14 златни медали и еден сребрен. Тимот е составен од 12 деца, од кои три се без попреченост, кои им помагаат на другите при комуникацијата на англиски јазик, кој е работен јазик на сите конференции. Дел од државите во кои членовите на ова здружение освоиле златни медали се: Канада, Кипар, Индонезија, Малезија, Турција, Бразил, Парагвај, Индија, Филипини, Бангладеш, Пакистан, дел од арапските земји, како и околните балкански држави.

Целта на здружението е да ја промени перцепцијата кај нас и во светот за потенцијалите со кои располагаат децата со попреченост. Ова е најголем историски успех што досега е постигнат на деца со попреченсот во РСМ, Балканот, па и во светот.

Проектите со кои се натпреваруваат овие деца се во областите на: додатоци во исхраната за зајакнување на имунолошкиот систем, заштита од вируси, канцерогени заболувања, невролошки заболувања и Даунов синдром.

Здружението веќе работи на нови истражувачки патенти.

По повод овие големи достигнувања, директорот на Агенцијата за млади и спорт изјави дека Агенцијата ќе продолжи да ги поддржува овие деца и се надева дека во иднина ќе продолжат да постигнуваат вакви врвни резултати.