Денеска преку онлајн врска беше оддржана конститутивна седница на Советот за млади кој се формира во рамки на Агенцијата за млади и спорт.
На денешната средба членовите се запознаа и дискутираа за начинот на работа. Едногласно од страна на членовите на Советот, Марија Крстевска од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM е избрана за претседавач.
Членовите на Советот за млади согласно своите надлежности ќе можат да доставуваат предлози, иницијативи и мислења, ќе предлагаат мерки за унапредување на позицијата на младите, критериуми за поддршка на младинските организации, ќе ги следат состојбите поврзани со младинските политики, ќе даваат свои анализи и осврти и ќе постапуваат по дополнителни потреби на директорот и на Агенцијата за млади и спорт

Советот за млади ќе функционира како советодавно тело на директорот на Агенцијата за млади и спорт и активно ќе учествува во креирањето на политиките за млади во рамки на самата агенција.Младите ја поздравија ваквата иницијатива за формирањето на Совет за млади и најавија дека активно ќе работат на креирање на младински политики.
Во Советот за млади учествуваат претставници на младинските организации, организации за млади и административни службеници. Мандатот на членовите на Советот е 2 години со право на повторен избор.

Целосна листа на членовите на Советот:
Марија Крстевска – Претставник од Национален младински совет.
Зоран Илиески – Претставник од Коалиција СЕГА.
Мартина Јачевска – Претставник од Сојуз за младинска работа.
Нами Исаки – Претставник од Центар за интеркултурен дијалог.
Стефани Спировска – Претставник од Младински образовен форум.
Методија Стојчески – Претставник од Младински сојуз Крушево.
Евгенија Јанакиеска – Министерство за образование и наука.
Мухамед Точи – Министерство за правда.
Ивана Кусакатска – Министерство за труд и социјална политика