Овојпат Ордените за заслуги се за три жени, од кои едната, Стојна Вангеловска, како поранешна кошаркарка, се истакнува со особен придонес во македонскиот и југословенскиот спорт!

Милица Стојанова, врвната актерка, Милка Ефтимова, истакнатата оперска пејачка, првенка на Македонскиот народен театар и Стојна Вангеловска, нивните дела се закитени со Орден за заслуги и нивниот придонес за Македонија е огромен!

На трите дами и великанки, од името на Агенција за млади и спорт им честитаме и им благодараме.