„Европска недела на спортот е проект на Европска Унија, во која се вклучени Европските земји, но и земјите кои претендираат да бидат дел од семејството на Европа.

Агенцијата за млади и спорт беше носител на овој проект во последните пет години, во кои за време, пред и по неделата на спортот учествуваа илјадници деца, млади, но и повозрасни лица.

Сите тие преку разни спортски активности, образовни семинари, обуки, натпреварувања, ја одбележуваа неделата на спортот.

Оваа година покрај активностите кои ќе бидата дел од програмата на носителот на проектот на земјата учесник, Европската комисија овозможува на сите физички лица, здруженија, спортски и образовни институции да пополнат свои апликации, во кои со свои идеји за организација на спортски активности ќе бидат дел од „Европската недела на спорт.

Рок за апликацирање 18.06.2021

Апликации: англиска верзија:

Аликации – македонска верзија