Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски беше дел од конференцијата за млади на покана на Министерот за млади и спорт на Србија Вања Удовичиќ, која вчера се одржа во Белград.

-Можноста да се биде овде и да се дебатира за заедничка сегашност и иднина на младите од регионот со чие вклучување во процесот на донесување на одлуки се обезбедува позитивни промени на Балканот е задоволство.

Наша главна задача е зголемување на нивната верба во креирање и сигурна иднина, а наша цел е водење на политики за зголемен процент на вработени млади и искористување на нивниот потенцијал, истакна Мојсовски.

Агенцијата за млади и спорт заедно са владата на  Република Северна Македоније има демократски капацитет, остава и креира простор за младите да се чуе нивниот глас до институциите и тој глас да се реализира во  конкретна мерка, активност и реформа која ќе ја унапреди положбата на  младите и нивниот стандард. 

-Во изминатиов период заедно со целиот систем,  нашата институција во партнерство со формите за  младинско организирање, докажавме дека имаме демократски капацитет и создадовме поволен амбиент за младите, младинските организации и заедно на иста маса младите и институциите донесуваат одлуки во корист на младите.

Владата на РСМ  во изминатиов период реализира голем број мерки и политика преку која директно придонесе намалување на невработеност кај младите ( од 41,9% во 2016 на 29,6% во 2020) , како и намалување на иселување на младите. Наша цел е процентот на невработеност кај младите до 2024 година да се намали  под 17% , потенцираше Мојсовски.

Тој во обраќањето ги детализираше сите клучни мерки во програмите чија цел е подобрување на положбата на младите како: Гаранции за млади, Програма за зголемување на вработеноста на младите, Програма за платена практична работа.

Заклучок на сите присутни беше зацврстување на мостовите помеѓу соседите од регионот и заедно зачекорување напред и заедничко соочување на предизвиците кои бараат тимска и регионална соработка, водејќи се со  девизата дека младите знаат што е најдобро за нив, на кој пат институциите ќе бидат нивни сојузници и партнери.  

На конференцијата беше присутен и Министерот за млади и спорт на Албанија Бора Мужачи, како и претставници на невладини организации.