Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари работна средба со Амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Ангел Ангелов.

На средбата беше разговарано за предлог меморандумот на Република Бугарија за меѓународна соработка во областа на образованието, културата, спортот и младите.

Бугарија како полноправна членка на Европската Унија, има остварено проекти  во нашата држава од областа на спортот, во вид на помагање на изградба на тениско игралиште во Битола, трим патека во Крива Паланка, терен за мини голф во Гевгелија, качувачка карпа во Битола, а во преговори се за помош во изградба и реконструкција на спортски објекти во Општина Ѓорче Петров.

На средбата беше презентиран и предлог проектот на директорот Мојсовски за одржување на балкански мини олимписки игри за училишни спортови, кои би имале цел зближување, размена на искуства и спортско надигрување на младите од Балканот, кој предлог беше прифатен од бугарска страна.