Агенцијата за млади и спорт и оваа година ги поддржа нашите хемичари да учествуваат на 53 олимпијада на која што нашата држава учествува од 2013 година. Годинава учествуваа 312 ученици и 158 ментори од 79 земји во светот. Досега, македонскиот тим освои вкупно 7 бронзи што е голем успех во однос на други држави од целиот свет. Директорот на АМС Наумче Мојсовски имаше чест да ги додели наградите и искажа големо задоволство што нашите натпреварувачи освојуваат медали и достојно ја претставуваат државата. Тој потенцираше дека токму овие млади луѓе се наши најголеми амбасадори и очекува поддршката да се зголемува и во иднина да имаме уште поголем успеси.Оваа годината Олимпијадата се одржа онлајн, а нејзин домаќин беше Јапонија. Македонскиот тим беше составен од четворица ученици и двајца ментори:

● Дарко Стојчев, , III година, СУГС „Јосип Броз Тито, Скопје (бронзен медал)
● Ања Спасовска, III година, СОУ „Гоце Делчев“, Куманово
● Јан Стојановски, I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
● Михаил Трајков, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
● проф. д-р Миха Буклески, Институт за хемија, ПМФ, Скопје
● проф. д-р Наташа Ристовска, Институт за хемија, ПМ