Скопје 19 °C Охрид 23 °C

Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Србија заинтересирана за концептот – Спортска академија

Србија заинтересирана за концептот – Спортска академија

Заврши дводневната посета на Република Србија, каде делегација од Агенцијата за млади и спорт на...

Нова спортска сала за УКИМ

Нова спортска сала за УКИМ

На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај комплексот факултети денеска почна...

Објавен конкурсот за доделување државна награда „8 септември“

Објавен конкурсот за доделување државна награда „8 септември“

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која директорот...

  • Србија заинтересирана за концептот – Спортска академија

    Србија заинтересирана за концептот – Спортска академија

  • Нова спортска сала за УКИМ

    Нова спортска сала за УКИМ

  • Објавен конкурсот за доделување државна награда „8 септември“

    Објавен конкурсот за доделување државна награда „8 септември“

Печати

Се одржа МАТУРСКАТА ПАРАДА 2013

вклучено . Објавено во Соопштенија

Повеќе од 1.200 матуранти точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје играа квадрил. На Матурската парада 2013 учествуваа средношколци од вкупно 19 скопски училишта, како и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга. Сите девојки носеа жолти маички, а момчињата темно сини

Печати

Прием во Агенцијата за млади и спорт на бронзениот од Европското првенство Берат Јакупи

вклучено . Објавено во Соопштенија

Бронзениот медал на Берат Јакупи и освоеното 5-то место во во кати екипно за жени, беа повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски да организира прием за карате делегацијата која учествуваше на Европското првенство во Унгарија. Директорот Александар Пујовски му честиташе на Берат Јакупи за освоената брозна и истакна дека Македонија покажа и покажува дека е во врвот на светското карате

Печати

Најава за прес - конференција по повод започнувањето на ДРЖАВНИТЕ СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ ИГРИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод започнувањето на ДРЖАВНИТЕ СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ ИГРИ , на ден 14.05.2013 година (ВТОРНИК) со почеток во 12:00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт ќе се одржи прес-конференција на која учество ќе земат директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски,  градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, раководителот за основно и средно образование во МОН, Елена Ивановска и претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија проф.д-р Александар Туфекчиевски. На прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена за сите активности поврзани со одржувањето на ДРЖАВНИТЕ СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ ИГРИ.

Печати

Србија заинтересирана за концептот – Спортска академија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Заврши дводневната посета на Република Србија, каде делегација од Агенцијата за млади и спорт на највисоко ниво присуствуваше во рамки на Меѓународната младинска конференција. Настанот беше организиран од страна на Министерството за млади и спорт на Република Србија и Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative), а на истата присуствуваа претставници од 25 европски земји, вклучително ресорни претставници од Советот на Европа

Печати

Судиски и тренерски семинар за кик бокс

вклучено . Објавено во Соопштенија

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија известува за успешно организираниот семинар за кик бокс. Во саботата на 11.05.2013 год. во организација на КБФМ, а во техничка организација на кик бокс клубот „Кавадарци“ од Кавадарци се одржа судиски и тренерски семинар за дисциплините од кик бокс спортот. Целта на овој семинар беше запознавање и примена на новите правила во кик боксот. На семинарот беа присутни претставници од 30 клубови од цела Македонија кои беа запознати со измените во WAKO светската федерација за кик бокс

Печати

Младинска мобилност – Перспективи за одржлив младински туризам во регионот

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во периодот од 9 до 12 мај во Белград, Србија делегација предводена од директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски ќе присуствува на Конференцијата „Младинска мобилност – Перспективи за одржлив младински туризам во регионот“ на која присуство ќе земат претставници од релевантни институции од 25 држави

Печати

Матурска Парада 2013

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес на прес-конференција по повод одржувањето на „Матурската Парада” организациониот одбор составен од претставници на Агенцијата за млади и спорт, Град Скопје, Делегација на ЕУ во Скопје и Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје ги презентираше и ја информираше јавноста за овогодинешното одржување на „Матурската Парада”

Печати

Започнуваат државни спортски училишни игри

вклучено . Објавено во Соопштенија

Од 16.05.2013 до 18.05.2013 година ќе се одржат „Државните спортски игри 2013“, на кои ќе учествуваат околу 5.000 ученици од Македонија, чијшто домаќин ќе биде Општина Аеродром. Ова го најави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски на денешната (14.5.2013 година) прес-конференција што се одржа во просториите на Агенцијата за млади и спорт. Директорот Пујовски дополни дека ова натпреварувње претставува важен сегмент кон градењето на идните спортисти репрезентативци кои во иднина ќе ги бранат боите на Република Македонија

Печати

Средба помеѓу директорот Александар Пујовски и професорот Џорџ Переира

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу директорот Александар Пујовски и професорот Џорџ Переира, еден од најпознатите светски промотори на џиу џицу спортот. Повод за одржување на средбата беше започнувањето на џиу џицу семинарот за обука тренери, каде свое предавање и излагање ќе има професорот Џорџ Переира

Печати

Пехарот во купот за ракометарките на Металург

вклучено . Објавено во Соопштенија

ЖРК Металург го освои пехарот во Купот на Македонија и тоа четврта година по ред. Попладнево во салата во Автокоманда беше совладан новиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ со 23:22. Во текот на целиот меч ракометарките на Металург имаа водство, а противникот успеа во последните неколку минути од мечот да внесе резултатска неизвесност, а во во последната минута дури израмнија на 22:22

Печати

Скопски маратон 2013

вклучено . Објавено во Соопштенија

Под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје на 12 мај традиционално по деветти пат ќе се одржи Скопскиот маратон. Организаторите очекуваат рекорден број натпреварувачи и тоа од 36 држави пријавени се околу 4.900 за четирите трки

Печати

Прес конференција на Одбојкарската федерација на Македонија по повод меѓународниот турнир Чајка

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод одржувањето на традиционалниот меѓународен турнир „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка“, утре во просториите на Агенцијата за млади и спорт во 12:00 часот ќе се одржи прес конференција со генералниот секретар и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија